Достапни линкови

„Сирова култура“ - простор за млади артисти


Артисти на Сирова Култура - Младински Културен Центар

Проектот „Сирова култура“ на Младинскиот културен центар стартува во сабота. Со овој настан, МКЦ сака да им отстапи простор и време на млади и талентирани артисти да ги споделат нивните дела.​

„Како што претходно спомнавме, Сирова култура ќе се случува неколку пати годишно, со повик за аплицирање и со еднодневен настан на кој ќе учествуваат селектираните артисти. На првиот повик за Сирова култура пристигнаа точно 60 апликации“, се вели во најавата за саботниот настан.

За в сабота одберени се 20-тина апликанти, чии дела ќе може да ги видите и слушнете од 20 часот во сабота.

Артисти на Сирова Култура - Младински Културен Центар
Артисти на Сирова Култура - Младински Културен Центар

XS
SM
MD
LG