Достапни линкови

Вучиќ: Не се плашам, демонстрантите пред полициска станица


"Како што гледате многу сим исплашен", со овие зборови, низ смеа српскиот претседател Александар Вучиќ го започна обраќањето во јавноста, додека демонстрантите пред зградата на претседателската палата на Србија протестираа против властите.

Граѓаните кои неколку часа беа собрани пред претседателската палта, на повик на Сојузот за Србија потоа отидоа на протестна прошетка до полициската станица на булеварот Деспот Стефан, со цел да побараат ослободување на Павле Цвејиќ, за кој велат дека е уапсен во неговиот стан, по вчерашниот упад на демонстрантите во зградата на РТС .

За време на протестот зградата на Претседателството беше опкружена со два полициски кордони.На улицата Кнез Милош имаше конфликт помеѓу граѓаните и полицијата, бидејќи полицијата го блокираше камионот со разглас и не дозволи да биде поставен пред претседателската палата. Полицијата потоа фрли солзавец на крстосницата на улицата Принц Милош и улицата Крал Милан.

Говорејќи за вчерашниот упад на демонстрантите во зградата на РТС, Вучиќ рече дека дека државата нема да дозволи никој да се заканува со насилство.

"Тие наидоа на тврд орев, наидоа на некој кој воопшто не се плаши од нив. Нивната цел не е РТС, јас сум таргетот, бидејќи спроведувам национална консолидација на Србија", рече Вучиќ.

Тој повтори дека ќе разговара со граѓаните, но не и со лидерите на опозицијата кои учествуваат во протестите.

"Јас не одам да се зборувам со фашистот Бошко Обрадовиќ, иако можеби ќе бидам принуден, ако тој е избран повторно во парламентот, а со магнатите, Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ, и не може да зборувам затоа што тие не се во парламентот", рече Вучиќ.

Прашан од новинарите дали ова значи дека ќе има вонредни парламентарни избори, Вучиќ рече дека "денес не сме поблизу до изборите отколку вчера".

Тој рече дека меѓу организаторите на протестот има нервоза за "малиот број луѓе кои протестираат", тврдејќи дека 1550 луѓе биле пред РТС минатата ноќ.

"Слободно во РТС, можете да продолжите да работите, нема да има упади повеќе", рече Вучиќ одговарајќи на прашањето на новинарот на РТС.

Делови од обраќањето на Вучиќ беа придружени со аплаузи во салата каде што се одржува прес-конференција.

Протест пред претседателството

Паралелно со почетокот на обраќањето на Вучиќ, демонстрантите се собраа пред зградата на Претседателството, предводени од водачите на опозицискиот Сојуз за Србија.

Демонстрантите дојдоа пред палатата од Улицата на српските владетели откако ја прескокнаа заштитната ограда што беше поставена пред влезот од паркот Пионир.

Собраните, меѓу друготе, извикуваа "Уапсете го Вучиќ"

Голем број граѓани се пред српското претседателство на улицата Крал Милан во Белград, сообраќајот е запрен и од камионот со разглас се обраќаат лидерите на Сојузот за Србија.

Барањата за оставката на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, претседателот на парламентот, Маја Гојковиќ, директорот на РТС, Драган Бујошевиќ, како и фер и слободни избори, се дел од барањат што ги упатуваат демонстрантите преку разглас.

Организаторите на протестите побараа од насобраните да ја опколат Претседателската палата од сите страни, и да не дозволат Вучиќ да ја напушти зградата.

Објектот е опкружен со два полициски кордони, а на улицата има и членови на единицата за разбивање на демонстрации.

XS
SM
MD
LG