Достапни линкови

Могерини со критики за Русија поради "нелегалното припојување" на Крим


Шефот за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини

Шефот за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини ја одбележа петтата годишнина од руската незаконска анексија на Крим од Украина со критики за Кремљ. Во соопштението објавено денеска, еден ден пред петтата годишнина од формалното припојување на Крим кон Русија, шефицата за надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека ЕУ "останува цврсто во својата посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

"Европската унија повторува дека не го признава и продолжува да ја осудува оваа повреда на меѓународното право", рече Могерини и дополни дека "Руските прекршувања на меѓународното право доведоа до опасно зголемување на тензиите во теснецот Керч и Азовското Море. "

Таа, исто така, ја осуди и изградбата на мостот Керч во Русија, кој го поврзува полуостровот Таман со Крим, велејќи дека изградбата на мостот без согласност на Украина" претставува понатамошно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. "

Могерини, исто така, рече дека ЕУ" нема да го признае одржувањето избори" од страна на Русија на окупираниот полуостров на Украина.

XS
SM
MD
LG