Достапни линкови

Белград - Вучиќ ќе се обрати по упадот на опозицијата во РТС


Илустрација.Демонстрантите влегоа во РТС.16.03.19.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска треба да и се обрати на нацијата, еден ден откако демонстрантите од опозицијата упаднаа и кратко ја окупираа државната телевизија РТС во знак на протест против она што тие го нарекуваат пристрасно информирање. Претседателската канцеларија објави дека Вучиќ ќе зборува за настаните околу демонстрациите преку телевизискиот говор на пладне Демонстрантите против Вучиќ беа протерани од државната телевизиска зграда во Белград, откако два часа претходно влегоа во РТС.. Српската полиција со целосна опрема за немири пристигна во зградата на РТС во Белград на 16-ти март и се упати кон демонстрантите, во кои беа вклучени лидерите од Сојузот за Србија, група од околу 30 партии и движења. Откако полицијата се обиде да преговара со лидерите на опозицијата, тие почнаа да ги изнесуваат демонстрантите со сила, или со влечење на оние кои седеа или ги туркаа тие што стоеја. Некои од лидерите на опозицијата во зградата на телевизијата рекоа дека нема да заминат додека не им биде дозволено да зборуваат во етер од РТС.

Германската новинска агенција ДПА објави дека двајцата опозициски водачи, поранешниот белградски градоначалник Драган Ѓилас и десничарскиот пратеник Бошко Обрадовиќ, одбиле да заминат и биле изнесени од страна на полицијата

XS
SM
MD
LG