Достапни линкови

ЕУ ја дополни листата на санкции со осум лица од Русија


Илустрација.

Европската унија денеска додаде осум руски официјални лица на својата листа на санкции, за нивна вмешаност во фаќањето на трите украински воени бродови и 24-те членови на екипажот во близина на теснецот Керч во ноември.

Москва соопшти дека трите украински воени бродови нелегално влегле во руските води, трвдење кое го негираше Киев и беше поддржано од поголемиот дел на меѓународната заедница.

ЕУ ги воведе санкциите кон Русија по нејзиното нелегално анектирање на украинскиот Полуостров Крим во март 2014 година, а набргу потоа почна да ги поддржува и сепаратистите во источна Украина со оружје и дфуги средства, во конфликтот во кој од април 2014 година загинаа околу 13 илјади лица.

XS
SM
MD
LG