Достапни линкови

Венециската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет


Рената Дескоска, министерка за правда

Венециската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет на денешната пленарна сесија на која учествуваше министерката за правда, Рената Дескоска.

„Венециската комисија го образложи своето мислење за предложениот Закон за Судскиот совет, кој го смета за високо квалитетно законодавство, односно дека со законот е постигнато високо ниво на усогласување со други закони. Венециската комисија повторно имаше позитивна оценка за реформите во правосудството и усогласувањето на домашното законодавство со меѓународните стандарди“, соопшти Министерството за правда.

Од таму додаваат дека позитивно се оценети новите критериуми за избор на членови на Судскиот совет.

Ова е трето последователно мислење на Венециската комисија кое е позитивно оценето. Мислењето од октомври 2018 година, кое се однесуваше за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и Законот за судови се фокусираше на основите за дисциплинска одговорност на судиите, дисциплинските постапки и органи, како и на системот за оценка на работата на судиите.

XS
SM
MD
LG