Достапни линкови

Напад во џамии во Нов Зеланд- 40 загинати


медицински екипи на местото на престрелките

Премиерката на Нов Зеланд Џесинда Ардерн соопшти дека во масовните престрелки во две џамии во градот Крајстчрч загинале 40 луѓе.

Претходно полицијата соопшти дека има многу жртви во масовната престрелка и оти најмалку 4 лица се приведени. Во соопштението се предупредуваат граѓаните да останат во своите домови и да не посетуваат џамии каде било на Нов Зеланд. Според полицијата, засега не е познато дали имало и други луѓе вмешани во престрелката во овој град со околу 375 илјади жители.

На неколку места во градот биле најдени импровизирани експлозивни направи.

XS
SM
MD
LG