Достапни линкови

Сенатот ја отфрли одлуката на Трамп за вонредна состојба


Доналд Трамп

Сенатот, горниот дом на американскиот Конгрес, ја отфрли одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за прогласување вонредна состојба на јужната граница со Мексико. Ваквиот став во Сенатот беше поддржан, освен од малцинските демократи и од 12 републиканци, односно 59 сенатори гласаа за оваа иницијатива, а 41 ја поддржаа одлуката на Трамп.

Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демократите, неодамна исто така ја отфрли оваа одлука на претседателот на САД.

Трамп веднаш најави вето на одлуката на Сенатот. Инаку, тој сакаше со одлуката за вонредна состојба да дојде до повеќе од 5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Во случај Трамп да вложи вето, потребно е двотретинско мнозинство во Конгресот за тоа да биде поништено. Спорот на крај би го решавале судови.

XS
SM
MD
LG