Достапни линкови

Британија ќе бара од ЕУ одложување на Брегзит


Тереза Меј

Британските пратеници гласаа земјата да побара од ЕУ одложување на Брегзит. Пратениците го прифатија предлогот на премиерката Тереза Меј со 412 гласа „за“, а 202 беа против. Пратениците гласаа да се побара одложување за најмалку три месеци, доколку следната недела Парламентот го одобри договорот за повлекување. Со тоа и се овозможува на Меј да ги обнови напорите да побара поддршка од Парламентот за договорот постигнат меѓу Лондон и ЕУ за Брегзит.

Британските пратеници веќе два пати го отфрлија договорот за излез. А следната недела Меј најави дека повторно ќе го изнесе договорот пред пратениците. Доколку договорот се прифати, таа ќе побара одложување на излегувањето од ЕУ до 30 јуни, а ако го отфрлат договорот ќе има подолго одложување на Брегзит.

Заминувањето на Велика Британија би можело да биде одложено ако Брисел се согласи на формалното барање од Лондон да се откаже од датумот 29 март. Но секое одлагање на Брегзит треба да биде одобрено од преостанатите земји членка на ЕУ.

Претходно истиот ден британскиот парламент гласаше против одржување нов референдум за Брегзит, барем засега.

XS
SM
MD
LG