Достапни линкови

Грчкиот парламент ќе гласа за уставните измени


Седница на грчкиот парламент

За предлозите за уставни измени кои минатиот месец добија зелено светло од пратениците на првото гласање, денеска повторно ќе гласа грчкиот Парламент на второто и последно гласање. На дневен ред се 32 предлози од СИРИЗА, четири од пратеничката група на Нова демократија и седум од пратеници од различни партии кои минатиот пат добија минимум 151 глас, јави дописничката на МИА од Атина.

Гарантирање на верската неутралност на државата, одвојување на изборот за претседател на државата од распуштањето на Парламентот, забрана на родова дискриминација поради родот и сексуалната ориентација, ограничување на пратеничкиот имунитет, ратификување
на меѓународни договори со референдум, замена на премиерот поради здравствени причини, гарантирањето на независноста кај воените судии се дел од уставите измени кои од грчкиот Парламент добија зелено светло на првото гласање.

Според грчките медиуми, се очекува да се отвори жестока дискусија меѓу власта и опозицијата околу толкувањето на членот 110 во однос на тоа дали следниот Парламент ќе биде обврзан од актуелниот за содржината на одредбите што ќе бидат променети. СИРИЗА го поддржува ставот дека постои обврска, а Нова демократија и Демократска алијанса го тврдат спротивното.

XS
SM
MD
LG