Достапни линкови

Бројот на загинати во самоубиствен напад во Иран се искачи на 27


Бројот на загинати во самоубиствениот напад на автобус, кој превезувал персонал на Иранската револуционерна гарда во провинцијата Систан и Балучистан во Иран, се искачи на 27. Според новинската агенција ИРНА, 27 војници загинале, а 13 биле повредени во нападот.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот бил извршен со автомобил-бомба, додавајќи дека автобусот превезувал граничари кои работат во иранската Револуционерна гарда. Некои извори тврдат дека нападот бил спроведен со поддршка на "израелските и империјалистичките сили". Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бахрам Касеми ги обвини регионалните земји за терористичкиот напад врз иранските револуционерни чувари. Одговорноста за нападот ја презеде една организација Џаиш Ал Адл (Армија на правдата), која тврди дека ги поддржува правата на сунитите во шиитски Иран.

XS
SM
MD
LG