Достапни линкови

Мадуро: Гуаидо ќе одговара пред Судот


Николас Мадуро

Оспорениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро му се закани на лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, порачувајќи му дека порано или подоцна тој ќе одговара пред судот, бидејќи го прекршил уставот со тоа што се прогласил за шеф на државата.

Гуаидо, кој е претседател на Националното собрание, во кое мнозинство има опозицијата, се прогласи за претседател пред три недели, повикувајжи се на уставните одредби и тврдејќи дека победата на Мадуро на минатогодишните избори била измама. Повеќето западни држави го признаа како претседател, но Мадуро продолжува да ги контролира државните институции, вклучувајќи ја и армијата.

XS
SM
MD
LG