Достапни линкови

Тачи: никој не може да го доведе во прашање пријателството со САД


Претседателот на Косoво Хашим Тачи

Претседателот на Косoво Хашим Тачи изјави дека нема лидер кој може да го доведе во прашање пријателството со Соединетите држави и уште еднаш побара суспензија на таксите на производите кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина. „Оние кои мислат да ги игнорираат советите на САД грешат. Пријател можеш да бидеш само ако ги почитуваш советите“, рече Тачи во врска со ставот на премиерот на Косово Рамуш Харадинај за задржување на таксите. Според Тачи, продолжувањето на ваквата состојба нема да му донесе ништо добро на Косово.

XS
SM
MD
LG