Достапни линкови

ОН официјално известени за името Северна Македонија


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го примил официјално известување дека стапи на сила договорот за новото име Република Северна Македонија, која во ОН беше зачленета како Поранешна Југословенска Република Македонија. Соопштено е дека Гутереш го поздравува овој „развој со кој се решава долготрајниот спор помеѓу Атина и Скопје и покажува дека дури и навидум нерешливите прашања можат да се решат преку дијалог и политичка волја“. Генералниот секретар ги повикува земјите-членки, регионалните организации и сите меѓународни партнери да ги поддржат историските чекори што ги презеле страните.

XS
SM
MD
LG