Достапни линкови

СДСМ вечерва ќе одлучи дали ќе има предвремени парламентарни избори


СДСМ

Извршниот одбор на СДСМ вечерва треба да донесе одлука дали ќе се прифати барањето на ВМРО ДПМНЕ да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Од партијата изјавија дека ќе има дебата на која ќе се разгледаат аргументите "за" и "против" одржување на двојни избори.

На дневен ред на состанокот вечерва треба да бидат и претстојните претседателски избори, a членовите ќе бидат информирани за постапката з а избор на кандидати.

Како што е познато кандидатот на СДСМ за претседател на државата треба да биде избран на конгресот на 3 март.

Според информацијата од партијата на состанокот ќе се дискутира и околу консензуланиот кандидат за претседател.

XS
SM
MD
LG