Достапни линкови

Помпео: САД не го прикриваат убиството на Kашоги


Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги

Највисокиот дипломат на САД ги негираше тврдењата дека администрацијата на Доналд Трамп се обидува да го прикрие убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Мајк Помпео го кажа ова додека одговараше на прашањата на новинарите за време на посетата на Унгарија.

До неговата изјава доаѓа во време кога е пропуштен рокот поставен од Конгресот за да се утврди кој е одговорен за убиството кое беше извршено во октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.

Американскиот Конгрес постави рок до 8-ми февруари за да утврди вината за злосторството.

Минатата година речиси дваесетина републиканци и демократи во Сенатот повикаа на истрага за смртта на Кашоги и дали е одговорен саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Во писмо до врховниот демократ во комитетот на Сенатот, Боб Менендез, Помпео наведува дека Трамп повикал на брза истрага за смртта на Кашогги. Колумнист за "Вашингтон пост", Кашоги беше убиен во октомври откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул.

XS
SM
MD
LG