Достапни линкови

Д-р Караџовски: Вакцинирајте ги децата, не правете геноцид над нив


Според последните информации од здравствените власти, има пет нови случаи на заболени, со што бројот пораснал на 220 од прогласувањето на епидемијата пред еден и пол месец. Лекарите апелираат дека единствениот начин да запре ширењето на морбилите е вакцинирањето и препорачуваат не само децата туку и родителите да се имунизираат.

„За да запре епидемијата, 15-ина илјади деца што не се вакцинирани треба да бидат. Има деца што немаат имунитет, тие ќе бидат првите што ќе заболат. Со вашата немарност и залуденост од светските мрежи, каде што ќе најдете секакви податоци, се доведувате во ризик да заболите ако не сте имунизирани, децата се ни криви ни должни, немојте да правите геноцид врз своето дете“, порача д-р Жарко Караџовски и додаде дека со апстиненција од вакцинација се доведува здравјето на детето во огромен ризик.

XS
SM
MD
LG