Достапни линкови

Шехи: Протести се додека не падне Рама


Ланското фрлање со брашно врз Рама во Парламентот сега ќе продолжи со масовни протести, најавува опозицијата

Масовните протести на опозицијата, кои почнуваат на 16 февруари ќе продолжат се до соборување на Владата на Еди Рама и формирање преодна влада. Ова, во име на обединетата албанска опозиција за тиранската телевизија Ора њуз го изјави Дашамир Шехи, лидер на партијата Движење за национален развој, додавајќи дека протестите ќе бидат уште еден предизвик за опозицијата да ја измери својата сила и отпор.

„Имаме еден план, план А, да го отстраниме Еди Рама. Ќе протестираме се додека не замине тој, ќе покажеме дали сме доволно силни да ја завршиме оваа работа или не“, изјави Шехи.

XS
SM
MD
LG