Достапни линкови

Српската опозиција почна со бојкот на Собранието


Лидерите на партиите од опозицискиот блок Сојуз за Србија.

Пратениците од партиите кои се дел од Сојуз за Србија (СзС), моментално најсилниот опозициски блок, почнаа со бојкот на работата на српскиот парламент. Во бојкотот учествуваат и пратениците од Клубот на независни пратеници, кои не се членки на Сојузот за Србија, но се потписници на „Договор со народот“ и листата на барања за фер и слободни избори.

Шефовите на опозициските парламентарни групи најавија дека за дневниот ред на денешната седница ќе разговараат на секои половина час во собраниската сала. Тие порачаа дека бојкотот е нивна обврска кон граѓаните кои протестираат во Србија и дека на овој чекор се обврзани со Договорот со народот, кој го имаат потпишано.

XS
SM
MD
LG