Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа за годишната програма на министерството за култура


ВМРО-ДПМНЕ лого, амблем

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесат барање за надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес и реализацијата на програмата за 2018 година. Пратеничката Ане Лашкоска обвини дека веќе втора година годишната програма се носи нетранспарентно и скандалозно.

“Не, овде не се работи за административни пропусти и суштината на овој голем проблем не е во одбиените проекти. СДСМ покажа и докажа на дело и во минатото и сега во овие две години дека имаат елементарно непознавање за културата. Немаат чувство на припадност кон сопствената култура и кон уметничките вредности во културата. Капитални инвестиции, нула. Заштита на културата, нула. Програма каде се уништуваат значајни манифестации, бренд на културата во Македонија“, рече Лашкоска на денешната прес конференција.

XS
SM
MD
LG