Достапни линкови

Преговорите во Конгресот во застој, се заканува нова блокада на федералната влада


Доналд Трамп, претседател на САД

Преговорите на републиканците и демократите во Конгресот на Соединетите Држави за прашањата за граничната безбедност, кои се во тек со цел да се спречи нова блокада на федералната влада, се во застој поради несогласувањата околу политиката за апсење и притвор на илегалните имигранти, изјави републиканскиот сенатор Ричард Шелби за „Фокс њуз“. Застојот на преговорите доведе до тоа Пентагон и администрацијата да се подготват за две опции: уште една блокада на владата, или можност Трамп да прогласи вонредна состојба.

Напорите на Конгресот за решавање на спорот околу финансирањето на обезбедувањето на границите, беа засилени во петокот, а се одвиваa и за време на викендот, бидејќи комитетот на Конгресот се заложи да се постигне договор до денеска, објави агенцијата „Ројтерс“.

Шефот на кабинетот на Трамп, во својата изјава за Ен-би-си, не ја отфрли можноста за нова блокада на федералната влада.

XS
SM
MD
LG