Достапни линкови

Ѓорѓи Филипов поднесе кандидатура за претседателските избори


Седиштето на СДСМ

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов најави дека ќе се кандидира за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ.

“Ќе делувам според принципот дека сме едно општество. Сите сакаат да живеат во мир и безбедност, со здрав и чист воздух, квалитетно образование, добро здравство“, изјави Филипов на прес конференцијата.

Филипов беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година. Тој е прв што најави кандидатура на огласот на СДСМ што е отворен до 19 февруари.

XS
SM
MD
LG