Достапни линкови

Агент на ГРУ вмешан во случајот Скрипал три пати бил во Бугарија


Седиште на руската воена разузнавачка служба ГРУ

Агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ, кој бил вмешан во случајот „Скрипал“ три пати престојувал во Бугарија, изјави денеска бугарскиот главен обвинител Сотир Цацаров по средба со премиерот Бојко Борисов, јави Бгнес.

Борисов утрово се сретнал со британската амбасадорка Ема Хопкинс, а на средбата присуствувале и министерот за внатрешни работи Младен Маринов и Цацаров. Состанокот се одржа во врска со информацијата дека еден од вмешаните во случајот „Скрипал“ бил во Бугарија во времето кога бил отруен бизнисменот Емилијан Гебрев.

Тројца припадници на руските служби се прогласени за вмешани во случајот Скрипал. Двајца од нив се осомничени како директни сторители, а третиот Сергеј Федотов е осомничен дека помагал. Утврдено е дека за 10 години првите двајца не влегувале во Бугарија, додека третиот престојувал на бугарска територија три пати, објасни Цацаров.

XS
SM
MD
LG