Достапни линкови

Уште едно бебе почина од морбили, седум новозаболени


Илустрација, вакцина

Уште едно бебе на 13 месечна возраст почина од мали сипаници (морбили) соопшти министерството за здравство. Според информациите бебето е од тетовскиот регион и претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упатува апел до сите родители најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината.

Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници кое имало компликација на белите дробови.

Во меѓувреме од Инфективната клиника во Скопје соопштија дека седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед. Од нив три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од една и пол година од Чаир. Сите биле невакцинирани.

XS
SM
MD
LG