Достапни линкови

Тројца загинати и десетици повредени во експлозијата во Париз


Париз - Експлозија на гас во пекарница.

Во експлозијата на гас во пекарница во центарот на Париз, загинале тројца луѓе, а десетици се повредени, соопштија тамошните власти. Двајца од загинатите се пожарникари, кои загинале во борбата со пожарот. Третата жртва била шпанска државјанка која била во посета на Париз со нејзиниот сопруг, велат официјалните претставници.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Јосеп Борел, на Твитер напиша дека длабоко жали за смртта на тројца луѓе во експлозија во централниот дел на Париз, меѓу кои и на еден шпански државјанин.

Во инцидентот се повредени 47 луѓе од кои 10 се во критична состојба.

XS
SM
MD
LG