Достапни линкови

Во експлозија на гас во Париз загинаа четири луѓе, десетици повредени


Пожарникари евакуираат луѓе од зградите во близина на експлозијата.

Најмалку четири луѓе, меѓу кои двајца пожарникари, загинаа во експлозија во пекарница во центарот на францускиот главен град, Париз.

Властите велат дека експлозијата била предизвикана од истекување на природен гас. Во инцидентот се повредени 47 луѓе, од кои 10 се во критична состојба.

Околу 200 пожарникари биле испратени да го изгаснат пожарот и да ги евакуираат луѓето од блиските згради, изјави за новинарите министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.

Париз со зголемена готовност го очекува деветтиот протест на „жолтите елеци“. Делови од центарот на градот се затворени со полициски барикади.

XS
SM
MD
LG