Достапни линкови

ФБИ испитува дали Трамп работел за Русија


Претседателот на САД Доналд Трамп

Њујорк тајмс објави дека американското Федерално биро за истраги отворило контраразузнавачка истрага во 2017 година за тоа дали претседателот Доналд Трамп работел за руски интереси. Весникот, цитирајќи неименувани поранешни службеници за спроведување на законот, објави дека истрагата за контраразузнавање првично била одвоена од тековната кривична истрага. Кривичната истрага се фокусираше на врски меѓу руските официјални лица и соработниците на Трамп и првично беше отворена во 2016 година, за време на предизборната кампања. Истрагата подоцна се проширила и на тоа дали Трамп сторил кривично дело загрозување на правдата кога тој го отпуштил директорот на ФБИ Џејмс Коми во мај 2017 година.Специјалниот советник Роберт Милер ја презеде истрагата на ФБИ по отпуштањето директорот на ФБИ, наведува "Тајмс"

XS
SM
MD
LG