Достапни линкови

Германија очекува и грчкиот Парламент да даде согласност за Договорот од Преспа


Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, по синоќешното изгласување на уставните измени во македонското Собрание преку соопштение изрази очекување дека и Грција ќе даде согласност за Договорот од Преспа и оти Македонија потоа ќе стане членка на НАТО и ќе почне преговори со Европската унија. Тој наведува дека решението на спорот за името помеѓу Скопје и Атина е на дофат.

"Очекувам дека и грчкиот Парламент ќе даде согласност за договорот и дека земјата Северна Македонија потоа брзо ќе му се приклучи на НАТО и ќе може да почне преговори за приклучување во ЕУ. Спорот за името помеѓу Скопје и Атина траеше 27 години. Одговорните, пред се, премиерот Ципрас и премиерот Заев, презедоа енормни напори за конечно да се реши овој конфликт. Тие дадоа охрабрувачки пример за тоа дека упорната работа со факти, издржливоста и политичката храброст во дипломатијата може да доведат до успех" наведува шефот на германската дипломатија во соопштението пренесено од медиумите и допoлнува дека ова испраќа охрабрувачки сигнал во целиот регион.

XS
SM
MD
LG