Достапни линкови

Албанија го поздрави официјализирањето на името Република Северна Македонија


Илустрација: Албанско знаме во Тирана.

Албанија го поздрави усвојувањето на уставните измени изгласани од Собранието, со кои, како што се оценува, се официјализира името Република Северна Македонија.

Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати на Твитер напиша дека со финалното изгласување на Спогодбата од Преспа, на земјата и се отвора патот кон членството во ЕУ и во НАТО.

Според него, придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.

„Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки“, напиша Бушати.

XS
SM
MD
LG