Достапни линкови

Честитки од ЕУ и НАТО за усвојувањето на уставните измени


Архива: Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во име на Европската унија му честитаа на Собранието за „круцијалниот чекор кон имплементација на Преспанскиот Договор.“, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Политичките лидери и граѓани ја покажаа својата одлучност да ја зграпчат оваа уникатна историска прилика за решавање на еден од најстарите спорови во регионот и одлучно да се движат напред на патот кон ЕУ“, пососчуваат Могерини и Хан.

ЕУ, велат тие, силно го поддржува договорот од Преспа кој „поставува пример за помирување за регионот и за цела Европа“.

„Додека ги чекаме следните чекори кои водат доЕУ целосна имплементација на Преспанскиот Договор, ЕУ останува цврсто посветена да продолжи да ја придружува и поддржува земјата во заедничката цел на ЕУ интеграција“, напишаа Хан и Могерини.

Генералниот секретар на НАТО Једнс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.

„НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион“, порача Столтенберг.

XS
SM
MD
LG