Достапни линкови

Дескоска: СЈО треба да ја задржи својата независност


Архива: Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Специјалното јавно обвинителство треба да ја задржи својата независност, бидејќи се покажа како одлично решение и тоа не треба да се изедначи во рангот на Обвинителството за организиран криминал, рече министерката за правда Рената Дескоска на денешниот брифинг со новинарите. Според неа, за оние постапки што се во фаза на обвинение нема дилема дека треба да продолжат во рамки на СЈО.

„Во делот што се однесува на истрагите, таму е вложен труд од СЈО и тука не треба да се дозволи да има практично амнестирање на кривични дела со измени на закон. Во тој дел ќе мора да водиме сметка да се направи прецизна одредба што ќе даде можност делата што биле направени и кои биле во фаза на истрага да ги продолжи. Кој ќе продолжи, дали Обвинителство за организиран криминал или СЈО, тоа ќе биде дефинирано според надлежностите што ќе бидат распределени меѓу овие две обвинителства“, додаде Дескоска.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во неодамнешното интервју за МИА рече дека се залага да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и работата на СЈО како посебно обвинителство во мрежата на Јавни обвинителства.

Во јавноста сè уште нема финален предлог законско решение. Позната е само верзијата предложена од работната група при Министерството за правда, а предлози има и од СЈО и од политичките партии.

XS
SM
MD
LG