Достапни линкови

Јанушев: Обвинението за Талир – политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето за уставните измени


Архивска фотографија: Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска реагира дека прифаќањето на, како што рече, фабрикуваното обвинение за случајот Талир од Кривичниот суд, е уште еден обид за груб политички притисок за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени за промена на името и идентитетот.

„СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена не се прифатливи. Случајот Талир е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и притисоци“, рече Јанушев.

Тој обвинува дека власта, „соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните промени се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја критична мисла и сила која се спротивставува на антидржавните политики на СДСМ и Заев, кои одат во спротивност со македонските национални интереси“.

Според него, судот и СЈО работат за премиерот Зоран Заев „и се користат за политички притисок против опозиционото делување на ВМРО-ДПМНЕ“.

XS
SM
MD
LG