Достапни линкови

Кинез од Хуавеи и Полјак уапсени за шпионажа во Полска


Илустрација: Стариот град во Варшава

Полската Агенција за внатрешна безбедност уапси поранешен кинески дипломат, а сега директор во полската филијала на компанијата Хуавие и еден свој поранешен агент – Полјак, под сомнение дека шпионирале во корист на Кина, за што им се заканува до 10 години затвор. Судот во Варшава вчера им определи три месеци притвор.

Уапсениот Кинез претходно бил аташе во кинескиот конзулат во Гдањск, а сега е директор на продажба на Хуавеи во Полска, додека Полјакот до 2011 година бил шеф на одделот на телекомуникациска безбедност во Агенцијата за внатрешна безбедност, но бил сменет поради малверзации со тендери.

XS
SM
MD
LG