Достапни линкови

Јункер се надева на успех на договорот за Брегзит


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска изјави дека не може да има нови преговори за нацрт-договорот за Брегзит, додека ЕУ и британската премиерка Тереза Меј се обидуваат да најдат начин да избегнат излегување на Велика Британија од ЕУ без договор.

Јункер изрази надеж дека Меј, и покрај тешкотиите, ќе успее да го истурка договорот за време на гласањето во парламентот наредниот вторник.

Тој рече дека со британската влада проверуваат „какви разјаснувања може да дадат, но оти тоа не треба да се меша со нови преговори.

Јункер рече дека „не му се допаѓа идејата“ за Брегзит без договор и дека тоа би било „катастрофа“.

XS
SM
MD
LG