Достапни линкови

Ципрас ќе бара поддршка од Каменос за да нема предвремени избори


Панос Каменос

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе побара од својот конзервативен сојузник да ја продолжи поддршката на владата, надевајќи се дека ќе ги спречи предвремените избори по несогласувањата за договорот за името на Македонија. Ципрас рече дека ќе побара гласање за доверба ако ја изгуби парламентарната поддршка на десничарската партија „Независни Грци“. Оваа партија се закани дека ќе го отфрли договорот од Преспа, иако не е јасно дали целосно ќе се повлече од владата. Лидерот на партијата Панос Каменос, кој инаку е министер за одбрана, го оцени договорот од Преспа како „лош договор“. Владејачката коалиција има тесно мнозинство, односно само 153 места во 300-члениот парламент. Седум од тие места им припаѓаат на „Независни Грци“.

XS
SM
MD
LG