Во Букурешт се гради нова болница за деца болни од рак, финансирана од приватни донатори. Иницијативата е на хуманитарки од невладина организација, кои велат дека го прават она што би требало да го прави државата. Смртноста на бебиња во Романија е два пати поголема од просекот во ЕУ.