Настаните на денот низ фотографии - 26 декември 2018 година.
1МАКЕДОНИЈА - Сите 65 компании кои добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој тврдат дека во нивната сопственичка структура нема поврзаност со носител на јавна функција. Од Фондот ги охрабруваат компаниите да бидат креативни, конкурентни и извозно ориентирани.
2МАКЕДОНИЈА - Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека наредната година ќе почне изградбата на трамвајска линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров.
3ТУРЦИЈА - Австрискиот новинар Макс Цирнгаст е ослободен од затвор во Турција, но не смее да ја напушти земјата. 29-годишниот Цирнгаст беше уапсен во септември откако Турција го обвини заедно со уште две лица за членство во вооружена терористичка организација. Тие беа обвинети за поврзаност со Турската комунистичка партија. Доколку биде осуден, би можел да добие и до 10 години затвор. Австрискиот канцелар Себастијан Курц бараше Цирнгаст да биде ослободен.
4АВГАНИСТАН - Авганистанската изборна комисија соопшти дека претседателските избори закажани за во април ќе бидат одложени за неколку месеци за да се решат техничките проблеми кои се појавија на парламентарните избори во октомври.