Приврзаници и припадници на ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа на протести против лошите политики на Владата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека граѓаните ќе ја казнат Владата на наредните избори и најави дека протестите ќе продолжат и понатаму. Протестите започнаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а завршија пред Владата.