Достапни линкови

Почина Горан Стефановски


Горан Стефановски

Во местото Кентбери во Англија, на 66-годишна возраст почина познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски.

Стефановски е роден во Битола во 1952 година и е еден од најплодните драмски автори во современата македонска книжевност. Автор е на драмите „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ серија „Бушава азбука“ и е автор на неколку телевизиски драми.

Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“.

Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

XS
SM
MD
LG