Достапни линкови

Извештајот за Македонија усвоен во Комисијата за надворешни работи на ЕП


известувачот за Македонија во ЕП Иво Вајгл

Со 47 гласа за, девет против и еден воздржан, комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на известувачот Иво Вајгл за Македонија во кој се поддржува отворање на преговори со ЕУ во јуни 2019. Извештајот треба да биде сега усвоен на пленарната седница на Европскиот парламент во текот на ноември. Зависно од развојот на политичката состојба во Македонија до тогаш оставена е отворена можност да се поднесат дополнителни амандмани. Вајгл поднесе еден дополнителен амандман по референдумот што се одржа на 30 септември во кој се истакнува дека е потребна дополнителна поддршка за евроатлантската иднина на земјата и ратификацијата на Преспанскиот договор. Европратениците ја охрабруваат Владата да ги преземе сите потребни чекори за почитување на одредбите од договорот со Грција, гласи амандманот. На последната расправа за Македонија пред денешното гласање, европратеникот Едвард Кукан предупреди дека доколку дојде до предвремени избори во земјата “долго време ќе има мешаница“.

XS
SM
MD
LG