Нов дипломатски бран во Македонија, Ѝ носи ли тајно Русија нафта на Северна Кореја, Супер тајфун во Кина...
Настаните на денот низ фотографии - 17 септември 2018 година
1МАКЕДОНИЈА - Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација, на кој ќе одлучите за вашата иднина, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Скопје. Покрај Матис, во Скопје беа и италијанската министерка за одбрана Елизабета Трента, еврокомесарот Јоханес Хан и пратеникот во германскиот Бундестаг, Мануел Сарацин.
2МАКЕДОНИЈА - Сите припадници на Исламот, на 30 септември, масовно да излезат на референдумот и да кажат ДА за интегрирањето на Македонија во НАТО и во Европската Заедница, повика Ријасетот на Исламската верска заедница.
4БЕЛГИЈА - Пред 30 години ни се укажа можност и покрај верувањата на малкумина дека е невозможно нешто да се смени, ние ги мобилизиравме нашите пријатели и гласавме за таа промена. Денес Полска ги користи неограничените можности што ги нуди ЕУ, објави на својот Твитер профил претседателот на Европскиот совет Доналд Туск (на фотографијата со британската премиерка Тереза Меј) и преку видео порака на македонски јазик ги повика граѓаните на Македонија да гласаат на референдумот и да не ја пропуштат шансата која ни се нуди.
5РУСИЈА - Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли ја обвини Русија дека, како што рече, лаже и ги поткопува сакциите на Светската организација воведени кон Северна Кореја, со тоа што тајно носи стока која е под санкции, како што се нафта и јаглен.