Достапни линкови

СЈО бара да биде автономна институција


Архивска фотографија- Прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство

Специјалното јавно обвинтелство го објави извештајот за своето работење во периодот од 15 март 2018 година до 15 септември 2018 година, во кој се наведува дека во овој период започнаа судските рочишта по сите обвиненија поднесени нив, а дека има донесено пресуди против три лица во два различни предмети и пресуди донесени одАпелацискиот суд со кои се потврдени првостепените пресуди против вкупно пет лица.

Во извештајот пишува дека СЈО очекува во претстојниот период од надлежните институции да се превземат потребните мерки и законски услови ова обвинителство да се инкорпорира во Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција, која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил.

“СЈО е на ставот дека во периодот до истекување на законскиот мандат на ова Јавно обвинителство треба единствено да се направат соодветни подготовки за прилагодување на законските норми со кои би се овозможила интеграција на СЈО во Јавното обвинителство на Република Македонија. Од овие причини сметаме дека по 2020 година со имплементација на соодветни законски решенија кои би се донеле е потребно на ова Јавно обвинителство како самостојна институција во јавнообвинителскиот систем на Република Македонија да му се овозможи автономност во постапувањето, и тоа не само по делата од сегашната негова надлежност, туку да добие надлежност и за гонење на кривични дела на корупција од висок профил” се наведува во извештајот.

XS
SM
MD
LG