Достапни линкови

Манафорт се очекува да се изјасни за виновен за две точки


Архивска фотографија- Поранешниот шеф на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп Пол Манафорт

Поранешниот шеф на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт се очекува да се изјасни за виновен за две точки од обвинението поведено од канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мулер кој го истражува наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

Според судските документи поднесени денеска, Манафорт се согласил дека е виновен за едно дело за заговор против САД и за друго дело за заговор за да се спречи правдата. Денеска тој и се очекува да се појави во судот во Вашингтон.

Ова се случува и непосредно пред одржувањето на второто федерално рочиште.

XS
SM
MD
LG