Достапни линкови

ААВМУ: Констатирани прекршувања во референдумската јавна пропаганда


Архивска фотографија- Директорот на ААВМУ Зоран Трајчевски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска соопшти дека со мониторингот на медиумското претставување за време на референдумот кај повеќе радиодифузери констатирала неколку прекршувања на правилата за емитување платена јавна пропаганда.

“Не се почитува дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, вакви реклами се емитуваат и во програми во кои тоа не е дозволено, во случајов во посебни информативни програми и рекламирањето во врска со референдумот не е означено и не е јасно одвоено од другите реклами на радиодифузерите” наведуваат од агенцијата.

XS
SM
MD
LG