Достапни линкови

ДИК го утврдува изгледот на гласачкото ливче за референдумот


Државна изборна комисија ДИК.

Државната изборна комисија го утврдува изгледот на гласачкото ливче за референдумот закажан за 30 септември. 13 милиони денари ќе бидат потрошени за печатење на ливчињата во печатницата „Киро Дандаро.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека од безбедносни причини изгледот на гласачкото ливче Комисијата ќе го утврдува на затворена седница за јавноста и дека се водело сметка заштитата на гласачките ливчиња да биде на највиско можно ниво за да се избеганат сите евентуални шпекулации.

Членовите на Комисијата го усвоија Упатството за важечки и неважечки ливчиња на референдумот. За важечко ливче ќе се смета она ливче на кое ќе се заокружи „за“ или „против“ со сино пенкало

„Со штиклирање и ставање „х“ ливчето ќе биде неважечко, потенцираше членот на ДИК Елизабета Постоловска.

Според податоците на ДИК, помалку од 10 гласачи има во 81 избирачко место во 27 општински изборни комисии. Во овие избирачки места нема да се спроведе гласањето за референдумот, но овие граѓани ќе бидат упатени да се изјаснат во најблиското избирачко место не помалку од три километри од неговото населено место.

Гласањето на референдумот на 30 септември ќе се одвива во 3.480 избирачки места, а според заклучениот Избирачки список, право на глас имаат 1.806.336 граѓани.

ДИК на денешната седница исто така усвои Упатство за гласање на референдумот кое, како што информира членовите, ќе стане исто така дел од Прирачникот за едукација на избирачките одбори, а за таа цел ќе биде изготвен и видео материјал.

Едукацијата на избирачките одбори ќе се одвива во понеделник и во вторник, а деновиве ДИК ќе ја започне и кампањата за едукација на граѓаните за гласањето на референдумот на 30 септември.

XS
SM
MD
LG