Скапароти на вежба во Скопје, Слаби антикорупциски оценки за Македонија, И САД со санкции за Русија поради Скрипал...
Настаните на денот низ фотографии - 9 август 2018 година
1МАКЕДОНИЈА - На референдумот очекуваме граѓаните да го препознаат својот интерес, интересот на државата и идните генерации и да гласаат позитивно. Изборот е јасен, иднина или изолација, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со командантот на НАТО силите во Европа, генерал Куртис Скапароти, кој изрази надеж дека земјата ќе стане 30 та членка на Алијансата.
2МАКЕДОНИЈА - Во Избирачкиот список, кој е ставен на јавен увид за претстојниот рефрендум за името, се запишани вкупно 1.805.700 граѓани, а Државната изборна комисија најдоцна до 7 септември ќе го заклучи Избирачкиот список во кој ќе бидат извршени сите промени што произлегле од увидот, при што се очекува бројката на гласачи да се промени, изјави портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.
3МАКЕДОНИЈА - Македонија нема опиплив напредок во борбата против корупцијата, оценува телото за борба против корупцијата на Советот на Европа - ГРЕКО - во својот најнов извештај.
4МАКЕДОНИЈА - Идејата за бојкот на референдумот е исто така евтин потег, бидејќи нема за цел да ја провери поддршката кај населението, туку само да го саботира договорот, изјави д-р Флоријан Бибер, експерт за Балканот и професор на Универзитетот Грац.