Достапни линкови

Генимата - Со Договорот им дадовме македонска националност и македонски јазик


Претседателката на грчкото Движење за промена, Фофи Генимата, во интервју за грчката телевизија Алфа упати повик Македонија сега да не добие покана за членство во НАТО, туку откако ќе се завршат сите обврски предвидени во Договорот.

„Јас сакам, па дури и сега, во последен момент, да упатам повик, да не постои сега покана за Скопје. Да има одлука дека ќе бидат повикани со завршувањето на процесот што треба да го завршат. Прво е опасноста да се најдеме пред свршен чин во врска со НАТО и сега е критичниот момент. Второ, дека секако постои сложено име со географска одредница, но реално не постои ерга омнес, кога владата дава македонска националност и македонски јазик“, вели Генимата во интервјуто .

XS
SM
MD
LG