Француските навивачи во Париз ја прославија победата на нивната репрезентација над селекцијата на Белгија во полуфиналето на Светскиот фудбалски куп во Русија. Голот на Самуел Умтити на стадионот во Санкт Петербург ја испрати Франција во финалето в недела во Москва за да се соочи со Англија или Хрватска во меч за втора титула светски првак од 1998 година.