Достапни линкови

Подчасов: членството на Македонија во НАТО е важно за имиџот на НАТО


Москва

„Македонското евентуално влегување во НАТО не повлекува сериозни одбранбени или воени предности за Алијансата, туку ќе има позитивен импакт врз имиџот на НАТО“, вели Николај Подчасов, од рускиот Институт за стратегиски студии за руската новинска агенција ТАСС. „Македонија не е голема земја, нејзината популација е околу 2 милиона. Затоа нема да има сериозен придонес во НАТО силите. Во овој случај е поважно да се покаже дека Алијансата продолжува да се шири и оти останува активна и атрактивна за Балтичките земји“, наведува тој, додавајќи дека НАТО ќе продолжи да ја опколува Србија со земји членки. „Тоа може да доведе до ситуација НАТО да го контролира целиот Балкан, што секако е многу негативно сценарио за Русија“. Според Подчасов, македонскиот влез во Алијансата нема да биде изненадување за Москва.

XS
SM
MD
LG