Достапни линкови

Пенс на Твитер: поддршка на Заев и Ципрас за Договорот за името


Американскиот потпретседател Мајк Пенс на Твитер соопшти дека разговарал со премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за да им ја пренесе американската поддршка за Договорот за името. „Разговарав со македонскиот премиер за да му ја понудам поддршката на САД за историскиот договор за решавање на долготрајното прашање за името со Грција. Успешната имплементација ќе ја отвори вратата за европска интеграција и ќе ги зајакне просперитетот и стабилноста на регионот“. Порака со иста соддржина потпретседателот Пенс напиша и во врска со неговиот разговор со грчкиот премиер Ципрас.

XS
SM
MD
LG